Според информациите на Еј-би-си њуз, речиси невозможно е луѓето да влезат на аеродромот доколку немаат дипломатска придружба обезбедена од Катар, кој има односи со САД и талибанците
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска застана во одбрана на планот на претседателот Џо Бајден во однос на Авганистан, но сугерираше дека американските сили можеби ќе треба да останат и по крајниот рок од 31 август, определен од претседателот за крај на евакуацијата.
„Ќе продолжиме да ја проценуваме ситуацијата и повторно, ќе работиме колку што можеме за да извлечеме што е можно повеќе луѓе. И кога ќе се приближиме до тој рок, ќе му дадеме препорака на претседателот“,
рече Остин за Еј-би-си њуз одговарајќи на прашањето дали ќе се препорача продолжување на рокот за евакуација.
Според информациите на Еј-би-си њуз, речиси невозможно е луѓето да влезат на аеродромот доколку немаат дипломатска придружба обезбедена од Катар, кој има односи со САД и талибанците.
Катар пренесе илјадници луѓе на аеродромот и ги продолжи своите операции во текот на викендот, откако ги прекина во петокот поради безбедносни проблеми, јави Фајненшл тајмс.
Кристијан Нелеман, извршен директор во Рипто-норвешкиот центар за глобални анализи во Норвешка, рече дека талибанците им дозволуваат на граѓаните од западните земји да минат преку контролните пунктови, но ги спречуваат Авганистанците.