Одлуката следува откако Европската комисија пред неполн месец усвои извештај дека Хрватска е подготвена за воведување на еврото од 1 јануари 2023 година
Лидерите на Европската унија (ЕУ) денеска се согласија Хрватска да се приклучи на групата земји кои го користат еврото, со што бројот на земји со заедничка валута од јануари ќе достигне 20.
„Еврото е монетарен израз на нашата заедничка судбина и е дел од нашиот европски сон. Сега сонот се остварува за Хрватска“,
рече претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, кој претседаваше со Самитот во Брисел.
По разговорите со европратениците и Европската централна банка, процесот ќе заврши со очекуваното усвојување во јули на три правни акти што ќе ја овозможат промената.
Одлуката следува откако Европската комисија пред неполн месец усвои извештај дека Хрватска е подготвена за воведување на еврото од 1 јануари 2023 година, а таква оценка даде и Европската централна банка.