По серијата масовни воздушни напади од страна на Москва врз Украина, американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики кон својот руски колега Владимир Путин и рече дека тој целосно полудел
Високата претставничка на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас денеска пред почетокот на денешната седница на Советот на ЕУ за надворешни работи во Брисел изрази надеж дека меѓународните партнери ќе го следат европскиот пример и ќе го зголемат притисокот врз Русија поради војната во Украина.

Во видео објавено на Икс, таа посочи дека нападите врз Киев се ужасни и оти е очигледно дека Русија го зголемува притисокот врз Украина со бомбардирањата и нападите.
„Од нас зависи да извршиме притисок врз Русија, со цел Москва да посака мир“,
рече таа.
Според неа, ЕУ е подготвена да го зголеми притисокот против Русија.
„Се надеваме дека и другите меѓународни партнери ќе не следат“,
кажа Калас.
Today’s Foreign Affairs Council on Development will cover:
— Kaja Kallas (@kajakallas) May 26, 2025
🔹 the impact of the U.S. scaling back development aid,
🔹 neighbourhood developments,
🔹 the upcoming EU–African Union Summit,
🔹 the next long-term EU budget,
🔹 and continued support for Ukraine.
My doorstep ↓ pic.twitter.com/BKWrFu2bcM
Минатата недела таа соопшти дека ЕУ одобрила нови санкции за руската страна и дека подготвува дополнителни мерки, како се очекува да вклучат намалување на горната граница на цената на руската нафта на меѓународните пазари и ограничувања за развојот на гасоводот Северен тек.
Изминатиот викенд Москва изврши серијата масовни воздушни напади врз Украина.
Американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики кон својот руски колега Владимир Путин и рече дека тој целосно полудел.
Во својот, досега најжесток коментар кон Путин, објавен на социјалните мрежи, американскиот претседател предупреди и дека ако шефот на Кремљ се обиде да ја освои цела Украина тоа ќе доведе до пропаст на Русија.
„Отсекогаш сум имал многу добри односи со Владимир Путин од Русија, но нешто му се случи. Тој полуде. Секогаш сум велел дека тој ја сака цела Украина, а не само дел од неа, и можеби тоа се покажува како точно, но ако го стори тоа, тоа ќе доведе до пропаст на Русија!“,
вели Трамп.
Калас и вчера повика на најсилен меѓународен притисок врз Русија за да се запре војната.