Откако десетици руски дипломати беа протерани од Германија, Франција и Данска изминативе денови, и Шпанија, Италија и Шведска се одлучија на истиот чекор и им се придружија на европските сојузници во таа одлука
Европската унија прогласи 19 вработени во Постојаната мисија на Русија во Унијата за „персона нон грата“.
Ова го соопшти службата за надворешна политика на ЕУ во Брисел.
„Врз основа на одлуката на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, 19 службеници на Постојаната мисија на Руската Федерација во ЕУ во Брисел се прогласени за персона нон грата за вршење активности спротивни на нивниот дипломатски статус“,
се вели во соопштението.
Во изминатите 48 часа, вкупниот број на протерани руски дипломати од ЕУ достигна речиси 200 лица.
Откако десетици руски дипломати беа протерани од Германија, Франција и Данска изминативе денови, и Шпанија, Италија и Шведска се одлучија на истиот чекор и им се придружија на европските сојузници во таа одлука.
Последна тоа го стори Словенија.
Во меѓувреме, Русија истакна оти соодветно и пропорционално ќе одговори на протерувањето на нејзините дипломати од голем број европски земји, а портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, протерувањето на руски дипломати го оцени како „кратковиден“.