С. Македонија може да се надева на одлука за почеток на преговорите за членство во ЕУ во октомври оваа година. Ова е главната порака од заклучоците што денеска ги усвои Советот за општи работи на ЕУ, на состанокот во Луксембург. Имајќи предвид дека самите најавија одлука овој јуни, земјите-членки одлагањето го правдаат со краткиот рок меѓу објавувањето на годишниот извештај за С. Македонија на Европската комисија и денешниот состанок.
Во продолжение, интергрално ви ги пренесуваме заклучоците од Советот за општи работи на ЕУ:
„Потврдувајќи ги своите заклучоци од 26 јуни 2018 година, Советот силно го поздравува историскиот и досега незабележан Преспански договор како и Договорот за добрoсоседски односи со Бугарија и добро ги нотира препораките на Европската Комисијата за почеток на пристапни преговори со Република Северна Македонија темелени на позитивната оценка за постигнатиот напредок и за исполнување на условите утврдени од Советот на ЕУ. Имајќи го во предвид ограниченото време на располагање и важноста на предметот, Советот ќе се наврати на ова прашање, со цел да се постигне јасна и суштинска одлука што е можно поскоро и не подоцна од октомври 2019 година“ – се вели во заклучоците од денешниот министерски сосотанок.
