„Доколку навистина ги покажеме нашите најдобри страни во солидарноста, ние можеме“, рече Јохансон користејќи израз на поранешната германска канцеларка Меркел, која рече „Ние можеме“ во врвот на бегалската криза 2016/2017 година, кога во ЕУ пристигнаа повеќе од милион бегалци од Сирија
Сите држави членки на Европската Унија мора да помогнат во згрижување на милиони бегалци од Украина, изјави еврокомесарката за миграции Илва Јохансон.
Обединетите нации објавија дека речиси три милиони луѓе, повеќето жени и деца, досега ги напуштиле областите зафатени со воени дејствија и засолниште побарале надвор од Украина.
„Доколку навистина ги покажеме нашите најдобри страни во солидарноста, ние можеме“, рече Јохансон притоа користејќи израз на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која рече „Ние можеме“ за време на врвот на бегалската криза во 2016/17 година кога во ЕУ пристигнаа повеќе од милион бегалци од Сирија.
Полска досега има примено повеќе од 1,7 милиони бегалци од Украина, додека во претходната криза одбиваше да прими од доминантно муслиманските мигранти и баратели на азил.
Илва Јохансон изрази надеж дека помошта што се дава на украинските бегалци ќе го отвори патот за реформи во европската политика на давање азил, прашање што се смета за политички токсично и што го ослаби единството на Унијата.
„Миграцијата е нешто што се управува, а не нешто што треба да не плаши“,
рече таа.
Европската комисија понуди пари како помош за источните држави членки за згрижување на украинските бегалци.
„Ќе мобилизираме милијарди евра…за да ги обновиме прифатните центри, мобилните болници и училиштата за децата, како и за да обезбедиме вработување на возрасните или за установи за згрижување деца“,
рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во Европскиот парламент.