Унијата, како што пренесуваат агециите, од понеделник ќе почне да применува ембарго за испораките на руска сурова нафта, така што горната граница ќе важи за нафтата што Москва ја извезува по морски пат до пристаништата ширум светот
Минатата недела рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека секој обид на Западот да ја ограничи цената на руската нафта ќе има „тешки последици“ за светските пазари
Полска се согласи со договорот на Европската Унија за ограничување горната граница на цената на што Русија ја извезува по морски пат на 60 долари за барел, јавуваат агенциите.
Ова и овозможи на земјата да продолжи со формалното одобрување на договорот на ЕУ за време на викендот, изјави денеска полскиот амбасадор во ЕУ, Анджеј Садос.
Варшава првично го одложи договорот за да го испита „механизмот за прилагодување“ со цел да ја задржи највисоката цена под пазарната.
Садос рече дека овој механизам ќе го задржи плафонот на цените најмалку пет пати под пазарната стапка.
„ЕУ сега може да започне процес за одобрување на договорот и има намера официјално да го објави во недела“,
рече Садос.
Унијата, како што пренесуваат агециите, од понеделник ќе почне да применува ембарго за испораките на руска сурова нафта, така што горната граница ќе важи за нафтата што Москва ја извезува по морски пат до пристаништата ширум светот.
Ќе се преземат мерки за да се спречат танкери да испорачуваат руска нафта продадена над оваа цена. Се планира тоа да се постигне со одбивање да им се дозволи на британските и на осигурителните компании од ЕУ да ги осигуруваат бродовите и пратките.
Европската Унија веќе се договори со Вашингтон за потребата од ограничување на цената што западните клиенти ја плаќаат за руската нафта, за да се спречи Москва да профитира од зголемувањето на цените по нејзината инвазија на Украина.
Цената на суровата нафта од Урал, главниот тип на овој енергенс што го продава Русија, е променлива , но се тргуваше по околу 65 долари за барел, кога амбасадорите на ЕУ се состанаа за да разговараат за нивото на ограничувања.
Но, Полска, која силно ја поддржува соседна Украина во нејзината борба против руските сили, побара помала цена, наводно поблиску до само 30 долари за барел.
Минатата недела рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека секој обид на Западот да ја ограничи цената на руската нафта ќе има „тешки последици“ за светските пазари.
Но, Вашингтон и неколку негови сојузници – групата седум главни индустријализирани демократии (Г7), ЕУ и Австралија – најавија дека ќе опстојат на мерката.
Министрите за нафта од групата ОПЕК + производители на овој енергетски производ ќе се сретнат во недела во Виена.