Европската комисија денеска соопшти дека генераторите, во вредност од 3,7 милиони евра, се наменети за враќање на електричната енергија во болниците, засолништата и критичните служби
Европската Унија треба да испорача речиси 450 генератори за итни случаи во Украина по масовните руски напади врз енергетската инфраструктура на оваа земја за време на суровата зима, јави ДПА.

Европската комисија денеска соопшти дека генераторите, во вредност од 3,7 милиони евра, се наменети за враќање на електричната енергија во болниците, засолништата и критичните служби.
„Континуираните руски напади врз украинската енергетска инфраструктура намерно ги лишуваат цивилите од топлина, светлина и основни услуги во екот на суровата зима“,
рече комесарката на ЕУ за еднаквост Хаџа Лахиб.
Украина од почетокот на јануари живее со екстремно ниски температури, при што температурите понекогаш паѓаат до минус 10 Целзуисови степени, потсетува германската агенција.
Ситуацијата е дополнително влошена од целните руски напади врз енергетската инфраструктура на земјата, оставајќи милиони луѓе без електрична енергија и греење.
Од почетокот на руската инвазија пред речиси четири години, ЕУ испрати повеќе од 9 500 генератори во Украина, потсетува ДПА.
