Оваа исплата е само дел од сеопфатната помош што ЕУ и нејзините земји членки ја обезбедија од почетокот на руската агресија во февруари 2022 година. Досега се ветени стотици милијарди евра за воена опрема, финансиска стабилност и грижа за украинските бегалци

Европската Унија продолжува со финансиската поддршка за Украина, а Европската комисија денеска потврди исплата на нов пакет помош во вредност од 2,3 милијарди евра (2,7 милијарди долари). Средствата се наменети за зајакнување на државните финансии и јавната администрација во земјата што се соочува со последиците од војната, пишува Дојче веле.
Оваа исплата е само дел од сеопфатната помош што ЕУ и нејзините земји членки ја обезбедија од почетокот на руската агресија во февруари 2022 година. Досега се ветени стотици милијарди евра за воена опрема, финансиска стабилност и грижа за украинските бегалци.
Клучниот механизам за финансирање е украинскиот инструмент, со вкупен буџет од 50 милијарди евра. Според Комисијата, целта на овој инструмент е да обезбеди долгорочна поддршка за закрепнување на земјата, спроведување на клучните реформи и олеснување на патот кон полноправно членство во Европската Унија.
Дополнително, ЕУ обезбедува значителни средства преку иницијатива за заем позната како „Забрзување на вонредните приходи“ (ЕРА). Ова е иницијатива на Г7 која планира да ѝ исплати околу 18,1 милијарди евра на Украина. Особеноста на овој модел е што средствата се генерираат од камата на замрзнатите средства на Руската Федерација што се наоѓаат во ЕУ.
