Калас го поздрави ослободувањето на седумтемина израелски заложници од страна на Хамас денеска, истакнувајќи ја улогата на американскиот претседател Доналд Трамп во овој „клучен чекор кон мирот“

Европската Унија ќе ја продолжи својата мониторинг-мисија на граничниот премин меѓу Газа и Египет, изјави денеска шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас.
„Обезбедувањето мир во Газа ќе биде исклучително сложено. ЕУ е подготвена да ја одигра својата улога. Задутре ќе ја продолжи цивилната мисија за набљудување на граничниот премин меѓу Газа и Египет“,
напиша таа на социјалната мрежа Икс.
Today marks a rare moment of hope in the Middle East.
— Kaja Kallas (@kajakallas) October 13, 2025
The release of hostages is a major success for diplomacy and a crucial milestone toward peace. President Trump made this breakthrough possible.
Securing peace in Gaza will be extraordinarily complex. (1/2)
Калас го поздрави ослободувањето на седумтемина израелски заложници од страна на Хамас денеска, истакнувајќи ја улогата на американскиот претседател Доналд Трамп во овој „клучен чекор кон мирот“.
„Ослободувањето на заложниците е голем дипломатски успех и клучен чекор кон мирот. Претседателот Трамп го овозможи овој напредок“,
додаде Калас во објавата.
Хамас денеска го започна ослободувањето на преостанатите заложници во Газа. Седум лица утринава биле предадени на Меѓународниот комитет на Црвениот крст. Ослободувањето на заложниците е дел од договорот за прекин на огнот.
Израелската војска потврди дека седум заложници се предадени на Црвениот крст и се на пат да се сретнат со израелските сили. Се очекува тие да бидат префрлени со авион во воената база Реим во Јужен Израел.