Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, нагласи дека молдавските граѓани повторно ги избрале Европа, демократијата и слободата
Високите претставници на Европската Унија ја поздравија веста дека владејачката партија на молдавската претседателка Маја Санду го задржа парламентарното мнозинство на изборите одржани вчера.

„Иднината на Молдавија е во Европа!“,
напиша претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, на социјалната мрежа Икс.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, оцени дека изборите се историски момент за земјата.
„Народот на Молдавија избра демократија, реформи и европска иднина, и покрај притисокот и мешањето од Русија. ЕУ е со Молдавија на секој чекор“,
порача тој.
Шефицата на европската дипломатија Каја Калас додаде дека и покрај обидите на Русија да шири дезинформации и да купува гласови, ниедна сила не може да го запре народот кој се залага за слобода.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, нагласи дека молдавските граѓани повторно ги избрале Европа, демократијата и слободата.
„Нашата врата е отворена и ќе бидеме со вас на секој чекор. Иднината е ваша“,
порача Фон дер Лајен.
Молдавија, сиромашна земја со околу 2,4 милиони жители, е кандидат за членство во ЕУ од 2022 година.