Европската Унија, исто така, одлучи да додаде 15 ирански владини функционери и шест организации на својата листа на санкции поради нивната улога во, како што се наведува, сериозни кршења на човековите права во задушувањето на демонстрациите во Иран. Како што соопштија од Брисел, на списокот се наоѓаат министерот за внатрешни работи на Иран, Ескандар Момени, неколку команданти на ИРЦГ и полициски службеници
„Неколку земји во моментов се обидуваат да спречат избувнување на тотална војна во нашиот регион. Наместо да им се придружи, Европа го разгорува пламенот“, напиша шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи на Икс
Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија ЕУ денеска се договорија да ја стават Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на листата терористички организации, соопшти високата преставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас.

Со ваквата оддлука, која доаѓа по репресиите кон демонстрантите за време на неодамнешните протести во Иран, членките на Унијата ставија крај на долгогодишните подлеби околу прашањето дали ИРЦГ треба да биде ставена на оваа листа.
„Репресијата не може да остане без одговор. Секој што убива илјадници свои луѓе оди кон сопствена пропаст“,
напиша Калас на социјалната платформа Икс.
Во однос на прашањето за евентуален напад врз Иран, со кој се закануваат САД, високата преставничка на ЕУ, во изјава за медиумите рече оти смета дека на регионот не му потребна нова војна.
Iran’s security forces are responsible for mass killings.
— Kaja Kallas (@kajakallas) January 29, 2026
Today, we are imposing new sanctions on those directly responsible for the violent crackdown on protests that has killed thousands.
I also expect that Foreign Ministers will take a political decision for the EU to… pic.twitter.com/P6Rj1bM3HR
Хана Нојман, претседателка на делегацијата на Европскиот парламент за односи со Иран рече дека ставањето на ИРГЦ на листата на терористички организации од страна на ЕУ е „долгоочекуван политички сигнал дека масовното насилство и транснационалната репресија повеќе нема да останат без одговор“.
„Оваа листа не е само симболична. Таа носи многу конкретни правни последици – средства се замрзнуваат, а секоја финансиска или материјална поддршка станува кривично дело“,
изјави таа, пренесе „Гардијан“.
Европската Унија, исто така, одлучи да додаде 15 ирански владини функционери и шест организации на својата листа на санкции поради нивната улога во, како што се наведува, сериозни кршења на човековите права во задушувањето на демонстрациите во Иран. Како што соопштија од Брисел, на списокот се наоѓаат министерот за внатрешни работи на Иран, Ескандар Момени, неколку команданти на ИРЦГ и полициски службеници.
Меѓу субјектите кои се соочуваат со санкции се иранскиот орган за регулирање на аудио-визуелни медиуми и неколку софтверски компании вклучени во активности на цензура, како што се кампањи за напади на социјалните медиуми, ширење дезинформации и нарушување на пристапот до интернет.
Сумирано, со најновните дополнувања на листата, санкционирани се вкупно 247 лица и 50 правни субјекти поради кршење на човековите права. Одделни ограничувања, кои вклучуваат замрзнување средства и забрани за патување, се воведени врз државјани на Иран и тамошни организации што ја помагаат војната на Русија против Украина.
Долго дискутираното ставање на Иранската револуционерна гарда на листата на терористички организации од страна на ЕУ дојде откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со можен воен напад на земјата, објавувајќи на својата социјална мрежа дека голема армада е на пат кон Блискиот Исток и е подготвена да ја исполни својата мисија „со брзина и насилство доколку е потребно“.
Според порталот „Аксиос“ (Axios), администрацијата на Трамп неделава наводно ќе биде домаќини на високи претставници од одбраната и разузнавањето од Израел и Саудиска Арабија, а тема на средбата ќе биде Иран.
Инаку, Трамп привремено се воздржа од закани за воени напади врз Иран овој месец, по повиците од земјите од Персискиот залив и предупрередувањата од Израел дека им е потребно повеќе време за да се подготват за евентуални одмазнички напади од страна на Техеран.
Русија, која ги продлабочи врските со Иран од почетокот на инвазијата на Украина, денеска предупреди дека каква било дестабилизирачка воена акција може да предизвика хаос во регионот.
Секоја насилна акција може само да создаде хаос во регионот и да доведе до многу опасни последици“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Според проценките на групите за човекови права, повеќе од 30 000 луѓе се убиени во најновиот бран репресивни мерки против демонстрантите во Иран. Групите наведуваат дека режимот во Техеран започнал одмазничка кампања, во која лекари и здравствени работници наводно се соочуваат со смртни казни поради лекување на тешко повредени демонстранти, пишува британски „Гардијан“.
Означувањето на ИРГЦ како терористичка организација од страна на ЕУ стана можно откако Франција се откажа од своето долгогодишно противење. Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро на социјалната мрежа Икс напиша дека неподносливата репресија врз иранските демонстранти не може да остане без одговор.
На одлуката на ЕУ денеска реагираше шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи кој рече дека Унијата направила голема стратешка грешка.
„Неколку земји во моментов се обидуваат да спречат избувнување на тотална војна во нашиот регион. Наместо да им се придружи, Европа го разгорува пламенот“,
напиша Аракчи на Икс.
Основана по Исламската револуција во 1979 година, Иранската револуционерна гарда е елитна паравоена сила лојална на врховниот водач на земјата, ајатолахот Али Хамнеи. Таа е одвоена од редовната армија и располага со 150 000 копнени војници, како сопствена морнарица и воздухопловни сили.
САД ја прогласија за терористичка организација во 2019 година, а Канада и Австралија го сторија истото во 2024 , односно 2025 година.
