Големиот шумски пожар на Кипар проголта 100 квадратни километри пошумени ридови, уништи бројни домови и принуди евакуација на 14 села на јужната страна од планинскиот венец Троодос
Европската комисија соопшти дека активирала механизам за цивилна заштита на ЕУ по барање на кипарските власти, поради голем пожар што избувна во областа Лимасол.

Кипар ќе добие помош во вид на два авиони за гаснење пожари од Шпанија.
Во сезоната на шумски пожари, ЕУ веќе испрати помош и во Албанија и Северна Македонија, преку авиони од Грција, Италија и Хрватска, како и хеликоптер од Унгарија. Обезбедена е и опрема од Германија и Франција за интервенции во Сирија.
Ова лето, пожарникари од цела Европа се распоредени во критични зони со висок ризик од пожари – Португалија, Шпанија, Грција, Италија и Франција.
Вкупно околу 670 пожарникари од 14 земји членки на ЕУ се вклучени во акциите.
Две лица загинаа во голем шумски пожар што вчера попладне избувна во јужните делови на Кипар.
Во пожарите се повредени и најмалку 10 лица, од кои две посериозно.
Големиот шумски пожар на Кипар проголта 100 квадратни километри пошумени ридови, уништи бројни домови и принуди евакуација на 14 села на јужната страна од планинскиот венец Тродос.