Резултатите од третата фаза на студијата покажуваат дека антителото значително го намалува ризикот од развој на симптоми на ковид-19 и обезбедува заштита најмалку шест месеци. Лекот има неутрализирачка активност против сојот омикрон BA.2, кој е најраспространет во Европа
Европската агенција за лекови го одобри лекот на „Астра Зенека“, кој е комбинација на антитела со продолжено дејство за спречување на развојот на симптомите на ковид-19, кој би се користел пред изложување на вирусот, кај широка популација на возрасни и адолесценти над 12 години и со тежина од најмалку 40 килограми.
Резултатите од третата фаза на студијата покажуваат дека антителото значително го намалува ризикот од развој на симптоми на ковид-19 и обезбедува заштита најмалку шест месеци. Лекот има неутрализирачка активност против сојот омикрон BA.2, кој е најраспространет во Европа.
Луѓето кои не се соодветно заштитени по примањето на некоја од вакцините за ковид може да имаат значителна корист од превенцијата што ја обезбедува овој лек, се вели во образложението. Тука се опфатени и луѓе со имунокомпромитиран статус, како што се пациенти со рак или пациенти со трансплантација на органи или оние на имуносупресивна терапија со лекови, кои заедно сочинуваат околу еден отсто од популацијата. Луѓето кои се изложени на висок ризик од изложеност на вирусот САРС-КоВ-2 исто така може да имаат корист од заштитата што ја обезбедува ова антитело, велат од ЕМА.
Одобрувањето на Европската комисија се заснова на резултатите од клиничката студија која покажале 83% намалување на ризикот од развој на симптоми на ковид-19.
Сите претходни студии ја покажаа ефикасноста на антителата против сите видови на вирусот за доволно да ги заштитат дури и особено ранливите категории на пациенти.
Оваа комбинација на антитела е во споменатата индикација, спречување на развој на симптоми на ковид-19, веќе регистрирана за итна употреба во САД и условно одобрена во Велика Британија од регулаторната агенција за лекови и медицински производи.
Дополнително, САД, како и голем број земји во Европа, како Франција, Германија, Италија, Шпанија и Чешка веќе имаат договори за снабдување со ова антитело во нивните земји.