Претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен, рече дека контрамерките кон САД ќе бидат одложени до 1 август, додавајќи дека најавата на Трамп за дополнителни царини за Брисел и Мексико, кои би стапиле во сила од овој датум, покажува дека дотогаш има време за преговори
Европската Унија најави дека ги одложува контрацарините за американските стоки што требаше да стапат во сила од утре, со надеж дека ќе се постигне трговски договор со администрацијата на Доналд Трамп до крај на месецот.

„Сега е време за преговори“,
изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.
Изјавата на претседателката на Европската комисиај следува откако американскиот претседател објави дека САД ќе воведат нови царини од 30 отсто за стоки од Европската Унија и Мексико од 1 август.
Фон дер Лајен рече дека контрамерките кон САД ќе бидат одложени до 1 август, додавајќи дека најавата на Трамп за дополнителни царини за Брисел и Мексико, кои би стапиле во сила од овој датум, покажува дека дотогаш има време за преговори.
„Секогаш сме биле јасни дека претпочитаме решение по пат на договор“,
посочи шефицата на ЕК.
Американскиот претседател Доналд Трамп најави царини од 30 отсто за ЕУ и Мексико од 1 август. Порача дека целата трговија мора да биде поизбалансирана и поправедна и оти секој обид за контрамерки ќе биде пресретнат со уште повисоки давачки, вклучувајќи дополнителни 30 отсто на веќе најавените тарифи.