Министерството за надворешни работи на Литванија побара од ЕУ да разгледа нови санкции против Русија поради апсењето на Навални
Рускиот завод за извршување на кривични санкции објави дека Алексеј Навални, кој вечерва беше уапсен на аеродромот Шереметјево во Москва на враќање од Германија, ќе остане во затвор до одлука на судот.

Службата објави дека за Навални е распишана потерница на 29 декември 2020 година, за „повеќекратно кршење на правилата“ од условните казни на кои беше осуден.
„Понатамошната мерка ќе ја определи судот, а дотогаш тој ќе биде во затвор“,
се наведува во соопштението од институцијата.
Портпаролката на рускиот опозиционер, Кира Јармиш на Твитер објави дека на Навални не му била соопштена причината за апсењето при пасошка контрола и дека ниту неговата сопруга Јулија и неговиот адвокат не смееле да одат со него.
„Не знаеме што се случува со него и каде го одведоа“,
вели таа.
Навални кој се смета за најжесток критичар на Кремљ денеска, по пет месеци се врат во Русија од Германија, каде беше префрлен во август, на лекување.
Неколку европски лаборатории открија дека Навални бил труен со нервен агенс. Навални го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека нарачал негово труење и убиство. Кремљ ги негираше обвинувањата.
ЕУ: Апсењето на Навални е неприфатливо
Апсењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални веднаш по неговото пристигнување во Москва е неприфатливо, оцени вечерва на Твитер претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој побара негово итно ослободување.
The detainment of Alexey #Navalny upon arrival in Moscow is unacceptable.
— Charles Michel (@eucopresident) January 17, 2021
I call on Russian authorities to immediately release him.
Шефот на европската дипломатија Joсeп Борел ги повика руските власти да ги почитуваат правата на Навални и побара негово ослободување.
„Политизацијата на (рускиот) судски систем е неприфатлива“,
напиша Борел на Твитер.
Russian authorities must respect Alexei @navalny’s rights and release him immediately.
— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) January 17, 2021
Politicisation of the judiciary is unacceptable.
Министерството за надворешни работи на Литванија побара од ЕУ да разгледа нови санкции против Русија поради апсењето на Навални.
Руската полиција го уапси Навални на аеродромот Шереметјево вечерва, додека тој се подготвуваше да ја помине пасошката контрола.
Претходно, авионот со кој тој пристигна од Берлин беше пренасочен и слета на Шереметјево, наместо на Внуково, кој беше затворен непосредно пред тој да слета, бидејќи таму го чекаа илјадници негови приврзаници. Шестмина од нив попладнето беа уапсени.