Во учебната 2023/2024 година, како и оваа, освен задолжителни предмети има и два изборни предмети за учениците – втор странски јазик и слободни изборни предмети
Учениците од основните школи и следната учебна година (2023/2024) ќе може да го изберат предметот Етика во религиите, соопшти Министерството за образование и наука (МОН).
„Бирото за развој на образованието позитивно одговори на барањето на Министерството за образование и наука, овој предмет да остане во системот на основно образование и да биде избор за учениците и родителите кои сметат дека оваа тема е соодветна за периодот од животот на децата кога тие се градат како личности и стекнуваат морални вредности“,
велат од МОН.
Предметот Етика во религиите е опција за основците согласно Концепцијата за основно образование што се воведува етапно.
Во учебната 2023/2024 година, како и оваа, освен задолжителни предмети има и два изборни предмети за учениците – втор странски јазик и слободни изборни предмети.
Покрај Етика во религиите, додаваат од МОН, учениците можат да изучуваат програмирање, сликарство, театар, танци и народни ора, да изберат спортски активности, мултикултурни работилници, образование за животни вештини, градинарство и хортикултура и други.