Одморалиштето со чешма било предвидено од бугарскиот проектант, а не од македонските изведувачи, велат патни експерти од Ќустендил
Патни експерти од Ќустендил велат дека македонска компанија пред 20 години ја изградила делницата на автопатот „Струма“ во Бугарија, каде што вчера изгоре автобусот со македонски регистарски таблички, пренесуваат од бугарската телевизија „Нова“.
Проектот е на бугарска фирма, а Македонците биле само изведувачи.
Во коментарот на патните експерти се вели дека изградбата на делницата на автопатот „Струма“ ѝ е доверена на македонска компанија по добиен тендер. Но, како што велат, комплицираната ситуација со одморалиштето со чешма од страничниот дел на патот била предвидена од бугарскиот проектант, а не од македонските изведувачи.
„Значи не е виновен изведувачот“,
додаваат експертите.