Дефектот на дистрибутивната мрежа е лоциран на булеварот „Крсте Мисирков“, а според објавата, прекин на испораката на топлинска енергија имало и во комплексот факултети, судовите, МКЦ, МРТВ , национални установи и училишта
Нормализирана е испораката на топлинска енергија за најголем дел од потрошувачите во Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда, соопшти попладнево „ЕСМ снабдување со топлина“. Дефектот на дистрибутивната мрежа е лоциран на булеварот „Крсте Мисирков“, а прекин на испораката на топлинска енергија имало и во комплексот факултети, судовите, МКЦ, МРТВ , национални установи и училишта.
Дефектот предизвикал прекин на испорака на топлинска енергија кај следните потрошувачи:
Григор Прличев бр. 3 – Институт за национална историја и ОЈО за организиран криминал
Григор Прличев бр. 5 – Институт за македонска литература
Гоце Делчев ББ и бр. 4 – Основен суд 1 и Основен суд 2
Гоце Делчев бр. 5 – Кривичен суд
Гоце Делчев бр. 18 – МРТВ
Димитар Влахов ББ – МКЦ
Крсте Мисирков ББ – Апелационен суд
Крсте Мисирков ББ – Факултети и Ректорат
Крсте Мисирков бр. 2 – МАНУ
Крсте Мисирков бр. 7А, 7Б, 9, 11, 13, 15, 17
Филип II Македонски бр. 22
Ул.191 бр. 14Б
Битпазарска ББ – Национална галерија Чифте амам
Дрварска бр. 20
Евлија Челебија ББ – Музеј на Македонија и Национален конзерваторски центар
Маракие Фрчковски бр. 8 – Црква Св.Спас
Покриена Чаршија бр. 66 – Факултет за ликовна уметност
Прохор Пчински бр. 30 – ОУ Јане Сандански
Петре Георгиев бр. 22 – ОУ Конгреси и манастирит
Во соопштението се наведува и дека екипите на „ЕСМ дистрибуција„ се на терен и дефектот ќе биде саниран во најкраток можен рок.
