Добиената купопродажна цена 48 евра за мегават-час за претстојниот период јули-декември 2022 година e за 17 проценти повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на универзалниот снабдувач за периодот јануари-јуни 2022 година
За цената на електричната енергија на „ЕВН хоум“ во наредниот период ќе одлучува Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), а таа ќе зависи од повеќе параметри
На денешниот тендер за набавка на електрична енергија за периодот јули-декември 2022 година, „ЕВН хоум“ како универзален снабдувач на електрична енергија доби само една понуда од ЕСМ
Како најповолен и единствен единствен понудувач на тендерот преку електронска аукција, АД ЕСМ му понуди на „ЕВН хоум“ купопродажна цена на електрична енергија од 48 евра за мегават-час, за покривање на 100 отсто од вкупно планираните количини.
Добиената купопродажна цена 48 еврa за мегават-час за претстојниот период јули-декември 2022 година e за 17 проценти повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на универзалниот снабдувач (јануари-јуни 2022), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена на електрична енергија од 41 евро за мегаватчас за вкупните планирани потреби на „ЕВН хоум“ како универзален снабдувач.
За цената на електричната енергија на „ЕВН хоум“ во наредниот период ќе одлучува Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), а таа ќе зависи од повеќе влезни параметри, како што се – цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на „ЕВН хоум“, цената на преносниот систем-оператор МЕПСО, цената на операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на дистрибутивниот систем-оператор „Електродистрибуција“.
На почетокот на месецов Регулаторната комисија го презентираше и новиот тарифен систем со блок-тарифи за пресметка на цената на струјата од први јули.
Според новиот тарифник кој ќе важи само за скапата тарифа, предвидено е во првиот блок да бидат потрошувачите кои трошат до 210 киловат-часови електрична енергија, во вториот блок од 211 до 420 киловат-часови, во третиот блок од 421 до 630 киловат-часови и во четвртиот блок над 630 киловат-часови електрична енергија.