Турција има добри односи со Украина и Русија, но најави дека како членка на НАТО ќе го направи она што е потребно доколку Русија ја нападне Украина
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска е во посета на Украина откако предложи Анкара да биде посредник во смирувањето на тензиите со Русија, без да зазема страна.
Тој за агенцијата Ројтерс изјави оти очекува Анкара да ги смири тензиите по состанокот во Киев.
Посетата на Ердоган доаѓа откако лидерите на НАТО, членките Велика Британија, Полска и Холандија го посетија Киев.
Турција има добри односи со Украина и Русија, но најави дека како членка на НАТО ќе го направи она што е потребно доколку Русија ја нападне Украина.
Русија ги отфрла западните тврдења дека планира инвазија на Украина и бара безбедносни гаранции дека НАТО нема да се прошири на исток ниту дека ќе инсталира ракетни системи во Украина.