Путин, од своја страна, му се заблагодарил на претседателот Ердоган што беше домаќин на состанокот на преговарачките т имови на Русија и Украина
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, јави агенцијата Анадолија.
Како што соопшти Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на претседателот на Турција, Ердоган и Путин разговарале за состанокот на преговарачките тимови на Русија и Украина, што се одржа во вторникот во Истанбул.
Ердоган нагласил дека позитивниот и конструктивен состанок на делегациите на Русија и Украина во Истанбул буди надежи за мир.
Напоменувајќи дека е важно страните да се однесуваат разумно и да одржуваат дијалог, Ердоган рекол дека со организирање на состанок меѓу рускиот претседател Путин и украинскиот претседател Владимир Зеленски, сакаат да ги крунисаат мировните напори што ги преземаат, пренесува Анадолија.
Ердоган во телефонскиот разговор со Путин го повторил предлогот Турција да биде домаќин на состанокот на лидерите на Украина и на Русија.
Путин, од своја страна, му се заблагодарил на претседателот Ердоган што беше домаќин на состанокот на преговарачките т имови на Русија и Украина во Истанбул.