Тој ја повтори намерата на Анкара да добие пченица од Русија за да ја преработи во брашно и бесплатно да ја испрати во сиромашните земји
За разлика од европските земји, Турција влегува во зима без никакви енергетски проблеми, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Додека европските земји размислуваат како да презимат поради енергетската криза, ние мирно влегуваме во зима“,
рече Ердоган, пренесе ТАСС.
Тој ја повтори намерата на Анкара да добие пченица од Русија за да ја преработи во брашно и бесплатно да ја испрати во сиромашните земји.
Претседателот на Турција најави и планови за масовно производство на првиот турски борбен авион без пилот „Бајрактар Кизилелма“.