Реџеп Тајип Ердоган е повторно избран за претседател на Партијата за правдата и развојот (АК партија). Според резултатите од изборот, на 7. Конгрес на партијата, од вкупно 1 431 делегати, 1 428 гласале „за“ , а останатите три гласа биле неважечки.
Во поздравниот договор, Ердоган истакна дека тој и AK партијата ќе продолжат да им служат на Турција и на турскиот народ, на истиот начин како што тоа го правеле и во изминатите 19 години, од 2002-та година, од кога АК е владејачка партија.
„Повторно ќе покажеме дека на власта не дојдовме за да бидеме владетели, туку да му служиме на народот и на државата. Не постои ниту еден предизвик за кој ако сме заедно сите ние 84 милиони жители на Турција не може да го надминеме“,
потенцира Ердоган.