Ваквата изјава на Ердоган доаѓа откако Турција веќе беше домаќин на една рудна преговори помеѓу Русија и Украина, а во период кога се најавува и втора средба на турска територија
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска рече дека е решен да разговара со украинскиот и рускиот лидер, Володомир Зеленски и Владимир Путин, и да ги седне на иста маса за да се стави крај на крвопролевањето.
Истакнувајќи дека е одлучен во намерата да разговара со двајцата претседатели, тој рече дека ќе им каже на своите колеги дека крајната цел на Турција сега е да ги зближи.
„Одлучен сум во намерата да се сретнам со Путин и Зеленски. И на двајцата ќе им кажеме дека нашата цел сега е што побрзо да ги собереме на едно место. Се надевам дека ќе одредиме датум на состанокот. Подготвени сме да бидеме домаќини на состанокот на ниво на претседатели. Како Турција, ќе бидеме среќни кога ќе ја завршиме оваа работа со довербата и на господин Путин и на господин Зеленски“,
вели Ердоган во изјавата што ја пренесува Анадолија, а која турскиот претседател ја дал денеска за време на посетата на Узбекистан.
Ваквата изјава на Ердоган доаѓа откако Турција веќе беше домаќин на една рудна преговори помеѓу Русија и Украина, а во период кога се најавува и втора средба на турска територија.
Претходно во текот на денот, турскиот шеф на дипломатијата, Мевлут Чавушоглу рече дека работат на организирање нова средба, но како што рече тој, на ниво на министрите за надворешни работи на Русија и Украина.