Канада, Франција, Финска, Данска, Германија, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Шведска и САД во понеделникот побараа „фер и брзо решение на случајот“ со Осман Кавала, турски издавач и покровител, кој е во затвор четири години без судење
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека амбасадорите на десет земји, меѓу кои Франција, Германија и САД, кои повикаа на ослободување на опозицискиот лидер Осман Кавала, ќе бидат прогласени за непожелни – персона нон грата.
„Му наредив на нашиот министер за надворешни работи да го реши тоа прашање што е можно поскоро и да прогласи десет амбасадори за непожелни лица“,
рече Ердоган, но не го прецизираше точниот датум за примена на таа мерка.
Пред неколку дена, турскиот претседател се закани дека ќе протера амбасадори од десет земји, по повикот Турција да ја ослободи Кавала.
Канада, Франција, Финска, Данска, Германија, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Шведска и САД во понеделникот побараа „фер и брзо решение на случајот“ со Осман Кавала, турски издавач и покровител, кој е во затвор четири години без судење.

Еден ден подоцна турските власти ги повикаа на разговор амбасадорите на тие десет земји, оценувајќи го како „неприфатлив“ нивниот повик за ослободување на Кавала.
Во 2013 година, властите го обвинија Кавала (64), позната личност од граѓанското општество, дека сака да ја дестабилизира државата. Кавала ги поддржа антивладините протести таа година. Тој потоа беше обвинет во 2016 година дека се обидел да ја собори владата за време на неуспешниот пуч.
Европскиот суд за човекови права нареди негово итно ослободување во декември 2019 година.