Информирајќи за разговорот на двајцата лидери, Кремљ информира дека Путин и Ердоган повикале на итен прекин на непријателствата и решавање на спорните прашања, вклучително и оние поврзани со нуклеарната програма на Иран, исклучиво преку политички и дипломатски средства
Воениот конфликт меѓу Израел и Иран бил во фокусот на телефонскиот разговор што денеска го оствариле рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. За време на разговорот го осудиле актот на употреба на сила од Израел против Иран повикувајќи на итен прекин на непријателствата.

„Спиралата на насилство што започна со нападите на Израел врз Иран ја стави во опасност безбедноста на целиот регион. Незаконскиот однос на владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претставува јасна закана за меѓународниот систем. Блискиот Исток не може да толерира нова војна“,
рекол Ердоган за време на телефонскиот разговор со претседателот на Русија.
Информирајќи за разговорот на двајцата лидери, Кремљ информира дека Путин и Ердоган повикале на итен прекин на непријателствата и решавање на спорните прашања, вклучително и оние поврзани со нуклеарната програма на Иран, исклучиво преку политички и дипломатски средства.