Заедно со Краков, Охрид и Варна ќе има вкупно 22 нови града до кои патниците ќе можат да патуваат со „Ер Србија“. Од Охрид преку Белград патниците ќе имаат можност за поврзаност со голем број дестинации од мрежата на српскиот авиопревозник
Српскиот авиопревозник „Ер Србија“ во текот на летната сезона во 2023 година ќе лета до Охрид и 22 нови дестинации до кои не леташе во годинашната летна сезона.
„Од 4 јуни следната година националната авиокомпанија ќе почне да лета за Краков, а само еден ден подоцна, на 5 јуни 2023 година, за Охрид и Варна. Авиобилетите за овие нови дестинации се веќе пуштени во продажба. Билетите за Охрид се достапни по цена почнувајќи од 49 евра. ‘Ер Србија’ ќе лета четири пати неделно до новите дестинации во Полска, Бугарија и Северна Македонија“,
соопштија од авиокомпанијата.
Заедно со Краков, Охрид и Варна ќе има вкупно 22 нови града до кои патниците ќе можат да патуваат со „Ер Србија“. Од Охрид преку Белград патниците ќе имаат можност за поврзаност со голем број дестинации од мрежата на српскиот авиопревозник.