За разлика од Србија и од кај нас, во Грција и Словенија, на пример, властите поради ширењето на омикрон забранија јавни новогодишни прослави и воведоа порестриктвни мерки
Епидемиологот и член на Кризниот штаб Бранислав Тиодоровиќ смета дека не треба да залажува тоа што дека сојот омикрон е поблаг од делта, бидејќи може да предизвика компликации и кај лица со слаб имунитет и хронични заболувања.
Тиодоровиќ за РТС изјави дека досегашните научни сознанија за сојот омикрон покажуваат дека, според симптомите и последиците, сепак станува збор за поблаг вид.
„Не треба да не залажува, бидејќи може да даде компликации и кај луѓе со слаб имунитет или хронични заболувања. Може да очекуваме дека ќе биде проблем за лекарите поради диференцијацијата на дијагнозата, бидејќи може да има температури, а да изгледа како настинка. Ќе имаме голем број на заразени, како во Британија и САД, каде што доминира во три четвртини од бројот на новозаразени. За краток период ќе имаме голем удар по болниците“,
вели епидемиологот.
За вторник е најавена седница на Кризниот штаб, а Тиодоровиќ, кој е член вели дека струката има единствен став дека мора да се применат порестриктивни мерки и дека пропусницата трае 24 часа.
„Сепак, да бидеме реални, во економско-политичкиот амбиент во кој се наоѓаме и како се однесуваме, во однос на тие јавни настапи, дали е правилно да се применуваат рестриктивни мерки само за угостителските објекти. И дали сме свесни дека сме дел од Европа, од сите страни сме опкружени со овој вирус. Сигурно сме го имале овој вирус и пред да биде детектиран“,
вели српскиот епидемиолог.
Тој посочува дека досегашните мерки – носење маска, растојание, миење раце – никогаш не се укинати ниту во Србија, ниту во светот.
„Ќе треба да се обидеме да им препорачаме на сите што се во затворени простории, но и на плоштади, да користат маски и овие луѓе бидејќи ќе бидат во голема гужва, тоа е важна превенција. Ова е моментот, бидејќи ситуацијата е помирна, да истакнеме дека вакцинацијата е единствениот излез“,
вели Тиодоровиќ.
За разлика од Србија и од кај нас, во Грција и Словенија, на пример, властите поради ширењето на омикрон забранија јавни новогодишни прослави и воведоа порестриктвни мерки.
