Епидемиологот на Светската здравствена организација (СЗО), Марија Ван Керкхове, на Твитер напиша дека е „поразително“ да се види толпа луѓе без маски на синоќешното финалето на Европското фудбалско првенство
Натпреварот меѓу Англија и Италија се одигра синоќа на лондонскиот стадион Вембли во период кога делта варијантата на ковид-19 коси по светот.
Епидемиологот на СЗО, Марија Ван Керкхове, напиша дека глетката на повеќе од 60.000 гледачи на стадионот е „поразителна“.

Дали треба да уживам во гледањето на преносот што се случува пред моите очи? Пандемијата на ковид-19 вечерва не е на пауза… Делта варијантата ќе ги искористи невакцинираните луѓе, во преполн амбиент, без маски, кои врескаат и пеат… Ова е поразувачки,
напиша Керкхове
Неколку дена пред натпреварот британскиот премиер, Борис Џонсон, ја бранеше одлуката да се дозволи присуство на 60.000 луѓе на финалето на Европско првенство велејки дека настанот ќе се организира на начин што ќе биде безбеден за сите присутни.