Најголемата нуклеарна централа во Европа се наоѓа на југот на Украина и од март годинава е под контрола на руските сули
Руските сили го гранатирале комплексот на нуклеарната централа Запорожје, соопшти украинската државна нуклеарна компанија „Енергоатом“.
Според соопштението објавено на каналот Телеграм, руските војници во изминатите 24 часа ја гранатирале територијата на Запорожје. Компанијата сѐ уште ја преценува штетата од гранатирањето.
Претходно, руското Министерство за одбрана ги обвини украинските сили дека трипати го гранатирале комплексот на нуклеарната централа во последните 24 часа.
Најголемата нуклеарна централа во Европа се наоѓа на југот на Украина и од март годинава е под контрола на руските сули.