Европскиот медитерански сеизмолошки центар со седиште во Франција предмалку се коригира и објави дека земјотресот што беше почувствуван во Скопје во 14 часот и 9 минути по локално време бил со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала, наместо 3,4 степени како што беше првично објавено.

Според наведената локација, епицентарот бил на 9 километри источно од Скопје, на длабочина од 1 километар.
Веднаш по него, за неколку минути, се почувствува и втор помал потрес.
Засега нема други детали.