Пратеничкото место што го испразни Јагода Шахпаска во Собранието од денеска ќе го заземе Емилија Рамбабова.
Пратениците на седница во Собранието предмалку го верификуваа нејзиниот мандат со 61 глас „за“ и ниту еден „воздржан“ или „против“.

Шахпаска, која беше коносителка со Љупчо Николовски на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата „Можеме“ во третата изборна единица, стана министерка за труд и социјална политика, па на нејзино место влегува следната кандидатка од „тројката“, во случајот Рамбабова.
Рамбабова доаѓа од Штип каде што беше директорка на Средното општинско училиште „Јане Сандански“. Таа е ќерка на поранешниот пратеник од СДСМ, Иван Рамбабов.