Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска одобри употреба на вакцина против коронавирусот на компанијата „Модерна“ за деца на возраст од 12 до 17 години. Ова е втора вакцина препорачана за адолесценти.
Употребата на вакцината Спајквакс (Spikevax) на Модерна ќе биде иста како кај лицата на возраст од 18 до 25 години. Компанијата „Модерна“ уште во мај објави дека нивната вакцина е ефикасна и за тинејџери.