Светската здравствена организација од претходно веќе даде зелено за употреба на вакцината „Новавакс“

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри за употреба новата вакцина против коронавирус „Новавакс“. Европската унија веќе потпиша договор за купување до 200 милиони дози од вакцината.
Со ова, „Новавакс“ ќе стане петтата одобрена вакцина против ковид-19 во Европската Унија.
„Новавакс“ користи технологија слична на вакцините против хепатитис Б и пертусис, кои не треба да се чуваат на екстремно ниски температури. Ова може да ѝ даде логистичка предност, особено во регионите со помалку развиена инфраструктура.
Вакцината се заснова на генетски инженеринг за одгледување безопасни копии на протеинот на шилецот кој се наоѓа во вирусот ковид-19 и со помош на кој тој продира во клетките. Шилецот потоа се прочистува и се меша со хемикалија која го зајакнува имунолошкиот систем.
Досега, вакцините одобрени во ЕУ користат понова технологија, па така „Астра зенека“ и „Џонсон&Џонсон“ го користат вирусот на настинка за пренос на податоци, а „Бионтек-Фајзер“ и „Модерна“ користат иРНА технологијата.