Маск кој има милиони следачи има обичај да биде неконвенционален и да објавува шеговите твитови, поради што понекогаш е тешко да се каже кога се шегува
Основачот на компанијата „Тесла“, Илон Маск, денеска на Твитер објави дека го купува англискиот премиерлигаш „Манчестер Јунајтед“, за откако доби прашања од над 40 илјади следбеници, малку подоцна да објави дека се работи за шега.
„Не, ова е шега на Твитер. Не купувам спортски тимови“,
објави Маск на прашањето на еден корисник дали е сериозен за купување клуб.
„Иако ако купам некој тим, тоа ќе биде Mан У“,
додавајќи дека тоа бил негов омилен тим како дете.
„Го купувам Манчестер Јунајтед, добредојдени сте“,
напиша Маск на Твитер, во нишка која започна политички твит за Републиканците и Демократите.
Also, I’m buying Manchester United ur welcome
— Elon Musk (@elonmusk) August 17, 2022
Некои навивачи на „Манчестер Јунајтед“, незадоволни од сопствениците на семејството Глејзер и неодамнешните резултати на нивниот клуб, претходно го повикаа Маск на Твитер да размисли за купување на клубот.
Маск кој има милиони следачи има обичај да биде неконвенционален и да објавува шеговите твитови, поради што понекогаш е тешко да се каже кога се шегува.
Тој привлече внимание во април кога објави на Твитер дека ќе ја купи компанијата „Кока-Кола“ за, како што напиша, да го „врати кокаинот во пијалокот“.
Маск сега се обидува да излезе од договорот вреден 44 милијарди долари за купување на Твитер, само четири месеци откако објави дека ќе ја купи компанијата. Во моментов се водат судски процеси.