Јетон Љужа, еден од осомничените за убиството на Никола Саздовски-Саздо, е екстрадиран од Германија, соопшти Министерството за внатрешни работи.
За Љужа беше распишана меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје.
„Денеска од Германија во Република Северна Македонија е екстрадиран Ј.Љ. (21) од Скопје, осомничен дека сторил кривично дело убиство. На 29.06.2018, околу 17:35 часот во Скопје заедно со Б.Б. и С.Д. го нападнале Н.С., кој починал од нанесените повреди“,
соопшти МВР.
Откако германската полиција го уапсила, се преземени и соодветни мерки за негово испорачување во Република Северна Македонија.
Изминатите 18 месеци, како резултат на соработката со германската полиција, во Германија се приведени 50 лица по кои трагаат нашите институции, од кои дел се екстардирани, а за дел постапката е во тек.
