Собранието денеска треба да избере седум членови на Комисијата за антидискриминација, со мандат од по пет или три години
Весна Бендевска, поранешна пратеничка на СДСМ од Битола, во три мандати (од 2006 до 2014 година), е на листата на кандидати за членови на новиот состав на Комисијата за заштита од дискриминација, кој Собранието треба да го избере на седницата која е во тек.
Александар Даштевски, кој беше последниот претседател на Комисијата за заштита од дискриминација, која не функционира веќе неколку години, пак, предмалку е избран за претседател на новиот состав на ДИК.
Собранието денеска треба да избере седум члена на Комисијата за антидискриминација, со мандат од по пет или три години.
За членови на Комисијата, со мандат од по пет години, се предложени Игор Јадровски, Неда Чаловска Димовска, Лимко Бејзароски и Ирфан Деари.
Мандат од по три години, пак, покрај Бендевска, би добиле и Кире Василев и Исмаил Камбери.

На огласот за избор на членови на оваа Комисија се пријавиле 44 кандидати, од кои Комисијата за избори и именувања избрала седум.