Засега, според портпаролката на полицијата, нема информации за повредени лица, а ниту за причината за експлозијата
Зграда во центарот на германскиот град Келн утринава е оштетена од експлозија, пренесуваат германски медиуми.
Експлозијата се случила во областа Хоенцолернринг во која има голем број кафулиња, барови и ресторани.
Од полицијата велат дека областа е опколена и оти голем број полицајци се на терен.
#PolizeiNRW #Köln #Leverkusen
— Polizei NRW K (@polizei_nrw_k) September 16, 2024
Aktueller #Einsatz
📍Im Bereich #Hohenzollernring gibt es einen größeren Polizeieinsatz.
📍Der #Hohenzollernring ist zwischen Rudolfplatz und Friesenplatz gesperrt.
❌Bitte meiden Sie den Bereich. Folgen Sie uns hier und auf Facebook für Infos. pic.twitter.com/IbZ4aNpY4f
Засега, според портпаролката на полицијата, нема информации за повредени лица, а ниту за причината за експлозијата.
Од противпожарната служба потврдиле дека биле повикани на терен, но оти не било потребно гаснење.
Германскиот весник „Билд“ пренесува дека од експлозијата било повредено едно лице и оти е пренесено во болница.
Полицијата ги повика граѓаните да ја избегнуваат областа околу местото на експлозијата.