Над 30 лица се повредени при експлозија во кафуле во Урошевац во Косово, јавуваат приштинските медиуми, пренесе МИА.
Настанот го потврди и локалниот обвинител Шукри Јашари, а засега причината за експлозијата е непозната.
Како што јавуваа приштинските меидуми меѓу повредените има и две деца, а четири лица се во тешка здравствена состојба.
Според одредени медиуми, причина за експлозијата е боца со гас.
Директорот на локалната болница, Јетон Зеќири, рече дека 22 лица од повредените во експлозијата се згрижени во таа институција, како и дека осуммина се пренесени во клиничкиот центар во Приштина поради сериозноста на повредите.
„Четири лица претрпеа сериозни изгореници и се во животна опасност“,
рече Зеќири.
На местото на експлозијата има голем број припадници на полицијата, пожарникари и екипи на Брза помош.