Инаку, компанијата „Хеленик трејн“ учествуваше во најтешката железничка несреќа во Грција во 2023 година, во која загинаа 57 лица
Пред седиштето на железничката компанија „Хеленик трејн“ во центарот на Атина вечерва се случи експлозија. Засега нема извештаи за повредени ниту за значително оштетување на зградата на компанијата.

Полицијата соопшти дека до грчките медиуми стигнале анонимни повици со предупредување за напад во близина на една од најпрометните улици во Атина. Два од тамошните медиуми кои го примиле ваквиот повик наведуваат дека се чинело оти експлозивната направа е сместена во ранец, поставен на скутер без регистарски таблички.
Инаку, „Хеленик трејн“, пред чие седиште се случи експлозијата, е приватна железничка компанија во Грција која управува со патнички и товарни возови. Компанијата учествуваше во најтешката железничка несреќа во Грција во 2023 година, во која загинаа 57 лица. Несреќата се случи во февруари 2023 година кога патнички и товарен воз се судрија во централна Грција, откако им беше дозволено да патуваат по истата пруга.
Несреќата предизвика бројни протести во Грција и во странство оваа година.