Засега никој не ја презеде одговорноста, а ниту талибанците соопштија кого го обвинуваат за нападот
Експлозија одекнала вчера пред влезот на џамија во центарот на Кабул, Авганистан, при што загинаа повеќе цивили, објави портпаролот на талибанците. Експлозијата се случила пред портите на џамијата во која се одржувала погребната церемонија на мајката на талибанскиот портпарол Забихула Мухаџид.
Си-ен-ен пренесува дека не е познато колку луѓе настрадале, но веројатно експлозијата била насочена кон раководните структури на талибанците.
Италијанската невладина организација, која раководи со болницата во Кабул, пак, објави дека тие им дале помош на четири ранети лица во експлозијата.
Засега никој не ја презеде одговорноста, а ниту талибанците соопштија кого го обвинуваат за нападот.
По експлозијата доцна во неделата, наведува Си-ен-ен, во Кабул можеле да се слушнат повеќе експлозии и истрели од огнено оружје. Најверојатно станувало збор за напад на талибанците против ИСИС, а портпаролот потоа објави дека во акцијата е целосно уништена ќелија на ИСИС.
#Breaking – Explosion reported near the funeral of mother of Taliban spokesman @Zabehulah_M33 in #Kabul. #Afghanistan pic.twitter.com/pqViZsQI8t
— Ahmad Shah Erfanyar (@erfanyar) October 3, 2021
