Војската преку соопштение вели дека воздухопловните сили оперативно дејствуваат за пресретнување каде што е потребно за да се елиминира заканата

Силни експлозии утринава се слушнале во Тел Авив и во Ерусалим, пренесуваат светските агенции.
Експлозиите се случиле откако сирените за воздушен напад се огласиле во неколку делови од Израел, а војската предупредила за дојдовни ирански ракети.
Војската преку соопштение вели дека воздухопловните сили оперативно дејствуваат за пресретнување ракети каде што е потребно за да се елиминира заканата.
Оттаму до луѓето упатуваат апел да продолжат да ги следат упатствата на Командата на домашниот фронт.
„Пред кратко време, сирените се огласија во неколку области низ Израел по идентификувањето на ракети лансирани од Иран“,
се додава во соопштението.
Подоцна израелската војска издаде ново предупредување дека во одредени делови е можно да се излезе од заштитетната зона.
Израелската војска вели дека спасувачките сили се испратени на места каде што се примени извештаи за паѓање ракети.
Израелските служба за итни случаи Маген Давид Адом (МДА), по иранските напади, известуваат дека 10 лица се полесно повредени.
„По сирените за црвена тревога што се слушнаа во изминатите неколку минути, екипите на МДА пребараа неколку места. Досега не се пронајдени жртви, освен 10 лица кои беа повредени на пат кон засолниште и се лекуваат од екипите на МДА“,
се вели во објавата на службата на платформата Икс.
Following the Red Alert sirens that were heard in the past few minutes, MDA teams have searched several scenes. So far, no casualties have been found, except for 10 individuals who were injured on their way to a shelter and are being treated by MDA teams. Updates as required. pic.twitter.com/fzgCdQIv3k
— Magen David Adom (@Mdais) June 17, 2025
Според МДА, на други места не се пронајдени повредени.
Претходно Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија видео во кое се вели дека балистичките и нуклеарните програми на Иран се егзистенцијална закана – не само за Израел, туку и за други земји.
Видеото е со порака: „Ако не ги запреме, вие сте следни“.
„Уништувањето на САД, Канада, Кина, Украина, Велика Британија…“,
се вели на почетокот на видеото објавено од ИДФ на Икс.
If we don’t stop them, you’re next. pic.twitter.com/svE6JSFph2
— Israel Defense Forces (@IDF) June 17, 2025
ИДФ во видеото тврди дека Иран има план што им се заканува на милиони невини цивили и „план што не запира кај нас“.
„Нивниот следен план е да ги уништат сите други земји“,
тврди ИДФ во видеото.