Министерството за одбрана на Русија информира дека се уништени два брода без екипаж, со кои вооружените украински сили се обиделе да ја нападнат поморската база во Новоросијск. Пристаништето е едно од најголемите во Црното Море и е главен центар на рускиот извоз
Во текот на ноќта се регистрирани експлозии во близина на руското пристаниште Новоросијск на Црното Море, кое е главен центар на рускиот извоз, јави Би-би-си.
Русија соопшти дека го одбила украинскиот напад.
Министерството за одбрана на Русија информира дека се уништени два брода без екипаж, со кои вооружените украински сили се обиделе да ја нападнат поморската база во Новоросијск.
„Вооружените сили на Украина синоќа се обидоа да ја нападнат поморската база Новоросијск користејќи два чамци без екипаж. Чамците беа забележани и уништени од стандардното оружје на руските бродови кои ја чуваа поморската база“,
соопшти руското Министерство.
?This At night in occupied #Feodosia, an unknown drone attacked an oil depot. pic.twitter.com/vXWYt5RwCd
— NEXTA (@nexta_tv) August 4, 2023
Поради нападот, привремено е запрен целиот сообраќај од пристаништето Новоросијск, кое е едно од најголемите во Црното Море и е главен центар на рускиот извоз.
Украина досега јавно не ги коментираше пријавените напади.
Поморските конфликти се зголемија во последниве недели, откако Русија се откажа од договорот на Обединетите нации кој дозволува безбеден извоз на жито меѓу Русија и Украина по морски пат.
Претходно оваа недела Русија ги нападна главните црноморски пристаништа Одеса и Чорноморск, каде што властите соопштија дека биле уништени 60 000 тони жито, како и пристаништата на реката Дунав.