Изгледа дека полесно се пренесува, но засега се чини дека не предизвикува потешка форма на болест, но сепак треба да го проучиме тоа, рече д-р Сривастава од институтот Гладстон
Варијантата омикрон на вирусот SARS-CoV-2 ги опфаќа речиси сите инфекции со коронавирус во светот, а научниците сега го следат зголемувањето на случаите предизвикани од т.н. „близок роднина“ на омикрон-варијантата позната како BA.2, која почнува да го надминува BA.1 во делови од Европа и Азија.
„Во Данска, каде што е некако доминантна, изгледа дека оваа подваријанта е еден и пол пат позаразна од оригиналниот омикрон, кој беше позаразен од делта“,
рече д-р Дипак Сривастава, претседател на институтот Гладстон.
ЦДЦ потврди дека BA.2 циркулира на ниско ниво во САД и досега два случаи на БА.2 се потврдени во округот Санта Клара минатата недела.
На прашањето дали оваа подваријанта е полоша од омикрон или делта, д-р Сривастава објаснува:
„Изгледа дека полесно се пренесува, но засега се чини дека не предизвикува потешка форма на болест, но сепак треба да го проучиме тоа“.
Професорот Неван Кроган, кој е директор на Институтот за квантитативни бионауки, ја анализирал подваријантата BA.2 во споредба со оригиналниот сој на омикрон и заклучил дека на многу начини тие се слични – секој од нив има околу 50 мутации и има 30 мутации кои се преклопуваат помеѓу овие два вируса.