Се истражува можна врска меѓу местото каде што се поставени експлозиите и израелската амбасада што се наоѓа во негова близина
Две експлозии утрово одекнаа во близина на израелската амбасада во Копенхаген, објави данскиот весник „Политикен“, а пренесува „Гардијан“.
Данската полиција го потврди случајот и соопшти дека се врши увид на местото на експлозиите.
„Повредени нема. Сè уште ја вршиме првичната истрага на местото на настанот“,
се вели во соопштението од полицијата.
За случајот нема коментар ниту од израелското Министерство за надворешни работи.
In der Nähe der israelischen Botschaft in Kopenhagen hat es zwei Explosionen gegeben. Der dänischen Polizei zufolge gibt es keine Verletzten. https://t.co/8yAMggyiZ1
— Jüdische Allgemeine (@JuedischeOnline) October 2, 2024
Оттаму велат дека се истражува можна врска меѓу местото каде што се поставени експлозиите и израелската амбасада што се наоѓа во негова близина.
За потсетување, Иран вчера истрела околу 180 балистички ракети кон Израел. Американската мрежа Си-би-ес пренесе дека во пресретнувањето на иранските проектили и одбраната на Израел учествувале и САД. Засега, сепак, не се соопштени повеќе детали.