Главната дискусија на денешната седница на ЕСС, како што соопштија од Министерството за труд и социјална политика (МТСП), била насочена кон носењето на нов општ колективен договор за јавниот сектор, при што биле разгледани барањата и предлозите од страна на синдикатите. За предлогот на синдикатите и на Владата за пресметка на платите во јавниот сектор ќе се направат симулации кои ќе бидат разгледани на следната седница на ЕСС
Во основната бруто-плата да се дефинира просечната бруто-плата и да се помножи со коефициентот на сложеност на работното место – е барањето за пресметката на платите во јавниот сектор што претставници на синдикатите денеска го претставиле на седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС).

Главната дискусија на денешната седница на ЕСС, како што соопштија од Министерството за труд и социјална политика (МТСП), била насочена кон носењето на нов општ колективен договор за јавниот сектор при што биле разгледани барањата и предлозите од страна на синдикатите.
„Во однос на предлогот на синдикатите, во основната бруто-плата да се дефинира просечната бруто-плата помножена со коефициент на сложеност на работното место, вицепремиерот Фатмир Битиќи посочи дека за да се стигне до посакуваната цел е потребен транзисциски период за целосно усогласување со просечната плата“,
се вели во соопштението на МТСП по денешната седница на ЕСС.
Битиќи, како што се наведува понатаму, се осврнал и на предлогот од страна на Владата, во дефинирањето на бруто-платата да се земе минимална бруто-плата и на тоа да се додаде бројот на бодови и вредноста на бодот, а вредноста на бодот да ја носи Собранието.
МТСП во соопштението додава дека за двата предлози за пресметка на платите во јавниот сектор ќе се направат симулации кои ќе бидат разгледани на следната седница на ЕСС, која ќе се одржи наредната недела.