Еврокомесарката Вера Јурова најави дека борбата против дезинформации за време на избори ќе биде една од централните точки на акцискиот план за европска демократија што ќе го донесе Комсијата до крајот на годинава
Фер и слободни избори, заштитени од лажни вести и дезинформации, ќе биде меѓу централните точки на планот на активности за заштита на европската демократија што Европската комисија има намера да го донесе до крајот на годинава, најавила потпретседателката на ЕК, како што пренесуваат полски медиуми.
„Заштитата на изборните кампањи од лажни вести ќе биде една од централните точки на акцискиот план за европска демократија што ќе го донесе ЕК до крајот на годинава“,
изјавила еврокомесарката за време на дебатата во Европскиот парламент.
Потпретседателката на ЕК одговорила на прашање на Магдалена Адамович од полската опозициска Граѓанска платформа за тоа што ЕК има намера да направи за да гарантира фер избори кога во многу земји државните и јавните медиуми водат кампања на дезинформации и говор на омраза против опозицијата во изборните кампањи.
Јурова рече дека ЕК ќе го објави првиот годишен извештај за владеење на правото во сите земји членки на ЕУ во септември и дека претставниците на ЕК во моментот вршат виртуелни посети на земјите-членки заради вирусот, и дека извештајот може да вклучува проценка за итните мерки преземени од страна на владите.