Владите ширум Европа поставија значително различни возрасни ограничувања за примање на вакцината против коронавирус на „Астра Зенека“, што дополнително придонесе за конфузијата што веќе некое време владее во врска со нејзината употреба
Европската комисија соопшти денеска дека нема причина воопшто да не се користи вакцината на „Астра Зенека“, по мислењето на Европската агенција за лекови, која побара тромбозата да се стави како ретка нуспојава од вакцината, јави МИА од Брисел.
„Европската агенција за лекови штотуку даде позитивно мислење за ‘Астра Зенека’ бидејќи бенефитите и натаму се поголеми од ризиците, таа не побара да престане вакцинацијата со ‘Астра Зенека’, некои земји членки одлучија да заземат построг пристап, нема причина воопшто да не се користи“,
изјави денеска портпаролот за здравство на Европската комисија, Стефан де Керсмакер.
Владите ширум Европа поставија значително различни возрасни ограничувања за примање на вакцината против коронавирус на „Астра Зенека“, што дополнително придонесе за конфузијата што веќе некое време владее во врска со нејзината употреба.
Експертите стравуваат дека збунувачките пораки од земјите за вакцината „Астра Зенека“ може да го намалат ентузијазмот на луѓето за вакцинација, што не би било добро во време кога Европа сè уште се соочува со брзо ширење на вирусот.
