Oттаму најавуваат дека следната година „Егзит“ ќе има глобална турнеја, без да откријат дополнителни детали. Во однос на најавите дека „Егзит“ се сели во Египет, соопштија дека африканската држава е една од станиците на глобалната турнеја на фестивалот за 2026 г.
Дилемите околу одржувањето на следното издание на „Егзит“ се реактуализираа откако кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, вчера објави дека со основачот на „Егзит“, Душан Ковачевиќ, разговарал од следната година Скопје да биде нова дестинација на една од водечките фестивалски групации
Организаторите на култниот фестивал „Егзит“ објавија дека фестивалот не се сели во Скопје или во Египет, но истовремено дека не постои можност следното издание да се одржи во Србија бидејќи е суспендирано државното кофинансирање поради дадената поддршка на српските студенти кои протестираат.

Oттаму најавуваат дека следната година „Егзит“ ќе има глобална турнеја, без да откријат дополнителни детали.
„Откако објавивме дека бевме принудени да ја напуштиме Србија поради државна репресија, добивме бројни покани од целиот свет да организираме фестивали таму. Моментално размислуваме кои дестинации ќе станат дел од глобалната турнеја на EXIT следната година, за што наскоро ќе ја информираме јавноста, а подготвуваме и специјални изненадувања за нашата лојална публика во Србија“,
изјави основачот и директор на EXIT, Душан Ковачевиќ, пренесе Н1.
Во однос на најавите дека „Егзит“ се сели во Египет, оттаму соопштија дека африканската држава е една од станиците на глобалната турнеја на фестивалот во 2026 година.
„Ја информираме јавноста дека пред Големите пирамиди во Гиза, како и на неколку локации низ целиот свет, создаваме нови фестивали, исто како што ги организиравме ‘Sea Dance’ и ‘Sea Star’ во Црна Гора и Хрватска во претходните години, како и бројни настани низ регионот и светот“,
додаваат оттаму.
Дилемите околу одржувањето на следното издание на „Егзит“ се реактуализираа откако кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, вчера објави дека со основачот на „Егзит“ разговарал од следната година Скопје да биде нова дестинација на една од водечките фестивалски групации во Европа.
Опозицискиот СДСМ денеска го обвини Ѓорѓиевски дека ги излажал скопјани со најавата дека Скопје од следната година ќе стане нова дестинација на „Егзит“.
„Секоја сериозна личност што го прочитала официјалното соопштение на организаторите на EXIT може лесно да утврди: не постои никаква потврда за Скопје како фестивалска локација, ниту во 2025, ниту во 2026 година. Единствено што е објавено од страна на EXIT е план за глобална турнеја со повеќе настани низ светот. Ѓорѓиевски, во обид да ги освои гласовите со лажни ветувања, свесно извртува дека од Србија се сели во Скопје. EXIT и сега има свои спин-оф изданија, вклучително и во Струмица изминативе три години, тоа не значи дека фестивалот се преселил во Струмица“,
велат од СДСМ.